Хрватските рибари пронајдоа и делумно извадија од море остатоци од југословенски воен авион кој пднал во близина на Задар неколку дена пред почетокот на отворените вооружени конфликти меѓу ЈНА и хрватските сили, со што се осветли тајната на судбината на капетанот Неша Врангеловски (32), кој исчезна во тренажениот лет 5. во септември 1991 година
Како што е соопштено на социјалните мрежи, крилото на авионот “Галеб Г-2”, со евиденциски број 23147, беше извадено од рибарите и оставено во заливот Лукоран на островот Угљан во близина на Задар.
Сликите прикажуваат дел од скелетот на школскиот борбен авион Галеб Г-2, значително оштетен од лежењето на морското дно, на кој и понатаму јасно стои но знамето на Југословенските воздухопловни сили сеуште е видливо на светло сината долна површина на крилото и со бела боја испишаниот број 147 на горниот дел, што одговара на авионот 251 од авионска бомбардирана ескадрила (ЛБА) кој исчезна неколку дена пред почетокот на војната.
Според ракописот на неопубликувана книга за падот на воените авиони на воениот аналитичар Александар Радиќ, Врангеловски на кобниот ден полетал од аеродромот Земуник како би извршиле лет за потребите на испитно школско гаѓање на локалната ПВО единица на полигонот Шепурине, а последен пат преку радио врска се јавил на минута пред да исчезне, додека летал на висина од 100 метра над морето.
Откако исчезна, армијата започнала потрага по него, а хеликоптерот Газел открил нафтена дамка на површината на морето, и се проценува дека потонал на длабочина од 65 до 70 метри, па дури бил одреден и брод на морнарицата брод кој требало да ги извади остатоците, но поради почетокот на војната, целата акција била откажана.
Сличен случај се случи и во мај годинава, кога група чешки нуркачи во Примоштен откриле остатоци од југословенскиот авион Jastreb J-21, во кој на 19 септември 1991 година беше убиен пилот-полковник Валтер Јуришиќ (27).
Во видеото објавено на Јутјуб, остатоците од авионот број 24203 се видливи на морското дно, за кој сè уште е нејасно зошто паднал и потонал во морето, бидејќи на остатоците од авионот не се гледаат можните ефекти на дејство на ПВО.
Откако била откриена судбината на пилотот, се уште не е јасно што се случило со двајца пилоти на ЈРВ кои исчезнале на борбени летови во 1991 и 1992 година.
Првиот пилот на 247-миот генерал-мајор Мирослав Милутиновиќ (36), кој исчезнал летајќи на Јастреб на 2 октомври 1991 година, во акцијата на ноќно дејство по минофрлачката позиција на хрватските сили за кој се дејствувало по аеродромот Земуник.
Можеби најголемата мистерија останува судбината на капетанот од прва класа, Слободан Медиќ (34), кој на 2 мај 1992 година, како лидер на паровите на Мигови 21 од 126-та ловечка ескадрон, го ракатирал мостот меѓу Босански и Славонски брод.
Неговиот авион беше соборен во вториот излез на целта со ракетата од земјата, а пилотот на Мигот-29, кој исто така полета за задачата, изјави дека ја забележал куполата на падобранот на Медиќ, што значи дека пилотот бил жив кога го напуштил авионот.
Словенечката телевизија Копар првично објави дека Медиќ се приземјил со падобран и дека хрватските војници му нанеле сериозни повреди, меѓутоа сидејќи по се, тој првично бил заробен.
Сведоците во август 1992 година дадоа изјави дека Медиќ бил еден од шестемина пилоти на ЈНА кои биле распоредени за размена во Неметин, но дека Медиќ од автобусот веднаш бил изнесен од поранешниот воен командант на Осиек, Бранимир Главаш, по што му се губи сета трага.
Досега ништо сигурно не се дознало за неговата судбина.










