(Видео) И јапонците грешат: Им експлодира ракета при лансирање

by Administrator

Ракетата произведена од јапонската компанија start-ap , која требаше да лета 100 километри во вселената, експлодирала на неколку секунди откако беше пуштена во употреба. Во таа прилика никој не бил повреден.

Ракетата MOMO-2, која била развиена од Interstellar Technologies, беше лансирана рано утрово во градот Таики на јапонскиот остров Хокаидо, објави АП.

На телевизиските снимки се гледа како, ракетата со должина од 10 метри паѓа на земјата, штом полета од платформата и потоа веднаш се запалила.

Претседателот на Јапонската компанија Такахиро Ингава, изјавил дека верува оти ракетата претрпела дефект во главниот мотор. Инаку, денешниот инцидент е уште еден од ваков вид откако ракетата на компанијата за прв пат беше лансирана минатиот јули, истакна американската агенција.

You may also like