Трамп од Макрон побарал да ја напушти ЕУ ?

0
444

Американскиот претседател Доналд Трамп му предложи на францускиот претседател Емануел Макрон да ја повлече Франција од ЕУ во замена за билатерален трговски договор, пишува Гардијан, цитирајќи го Вашингтон пост. Како што објавија, Трамп му го понудил ова на Макрон на состанокот на крајот на април, за време на посетата на францускиот претседател во Белата куќа.
Вашингтон пост објави дека Трамп го прашал Макрон: “Зошто да не ја напуштите Европската унија?” За возврат, Трамп му рекол дека САД би можеле да и понудат на Франција важен билатерален трговски договор. Во написот се забележува дека Трамп ветил дека ќе й даде на Франција подобри услови за трговија отколку што целата ЕУ добила од САД.
Колумнистот на Вашингтон пост, Џузепе Рогин, цитирал двајца европски претставници, додавајќи дека предлогот го открива основниот недостаток на разбирање за ставовите на Макрон и оние кои го избрале.
Белата куќа и Елисејската палата не ги потврдија или коментираа информациите од Вашингтон пост.

Извор:cdm