Словенски политичар меѓу 14-те корумпирани членови на Советот на ЕУ

0
374

Претседателот на словенечката национална партија (СНС), Змаго Јелинчиќ, е еден од 14-те поранешни членови на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на кои им било забрането да влезат во ова институцијата, бидејќи дејствувале неетички во корист на режимот во Азербејџан, од кои добиле материјална компензација за лобирање, пренесува агенцијата Хина.
Независна истрага од страна на Парламентарното собрание на Советот на Европа покажа дека 14-те поранешни членови од националните европски парламенти “ги прекршиле правилата на однесување”, и заради тоа им е забрането да влезат во Советот на Европа до крајот на нивниот живот и тие не можат ниту да учествуваат во ниту една од активностите на оваа меѓународна организација заради своето неетичко дејствување во корупцискиот скандал “kaviargate”, беше објавено на веб-страницата на Советот на Европа.

Корупциската афера беше откриена пред неколку години од страна на германската невладина организација ЕСИ. Парламентарците од неколку европски земји, вклучувајќи го и словенечкиот националистички лидер, првично биле осомничени дека биле подмитен од азербејџанската влада, давајќи им богати подароци за да гласаат против предлогот на резолуциите со кои се критикува владата за кршење на човековите права, позицијата на политичките затвореници или критичните тонови во извештаите на меѓународните набљудувачи при изборот во таа земја.

Во замена за лобирање и гласање, азербејџанската влада на овие политичари им дала пари, кавијар, скапи килими и други привилегии, односно мито, а сомневањата ја потврдија истрагата, односно дека сите се осомничени за неетичко делување и санкционирани.

Во средината на 2012 година, Јелинчиќ добил 24.000 евра од неименувана британска компанија за која се сомнева дека служи како служба за перење пари на автократскиот режим во поранешната советска република.

Според медиумите, Јелинчиќ го игнорирал повикот на Советот на Европа да даде свој исказ за споменатиот случај и на тој начин ја игнорирал истрагата, но некои медиуми во неговата татковина (словенија) пренесоа дека тој, наводно, добил пари за неговиот превод на словенечки роман на руски јазик, што не може да го докаже бидејќи наводниот превод го нема во јавните книжари во Словенија, Русија или Азербејџан.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)