Путин ја прифатил поканата на Вучиќ да ја посети Србија

by Administrator

Амбасадорот на Русија во Белград, Александар Чепурин, му пренесол на српскиот претседател Александар Вучиќ дека рускиот претседател Владимир Путин го прифатил повикот да ја посети Србија и му се заблагодари на претседателот Вучиќ на високо ниво на билатерални односи и истакна дека посетата на претседателот Путин е манифестација на желбата и намерата на Москва да работи на продлабочување на соработката на двете земји.

Претседателот на Србија изјавил дека посетата на претседателот Путин е голема чест за Србија и потврда за традиционалните пријателски српско-руски односи, објави Претседателството на српскиот претседател.

За време на состанокот се разговарало за регионалната ситуација, особено за дијалогот меѓу Белград и Приштина. Вучиќ потврди дека Србија е отворена за разговори и е подготвена за вистински компромис, но со зачувување на достоинството и виталните интереси на српската држава и народ.

Вучиќ й честитал на Руската Федерација за добрата организација на Светското првенство во фудбалот.

Чепурин му се заблагодари на организацијата на концертот на Ансамблот Александров и му честитал на Вучиќ за повторно отворање на Националниот музеј, со заклучок дека Белград стана вистинска метропола, бидејќи од искуството на руските музеи знае колку туристи привлекуваат.

(Vijesti)

You may also like