РУСИЈА: Дојава за бомба, евакуирани три трговски центри

0
358

Полицијата евакуирала лица од три трговски центри во Самара, по анонимни најави за бомби, објави Ројтерс.
На самото место се полицајци со кучиња трагачи и медицински тимови.
Локалната служба за вонри ситуации уште не го коментирала овој настан.

Самара е еден од градовите домаќини на овогодинешниот Мундијал во Русија.
Полицијата во градот Ростов на Дон вчера добила неколку закани од бомби, што резултирало со евакуација во баровите и рестораните. Беа спроведени темелни проверки, а полицијата не нашла ништо опасно.