38
Сè уште е прототип, ама делото на Џереми Карман е подготвено за сериско производство и влез во историјата.
Бидејќи, 26-годишниот Американец го направи првиот кампре на две тркала. Основата за неговиот Moto Home е Honda CBR 1000 F од 1993 година.
Предниот крај на невообичаениот мотоцикл го презел од мотокрос модел Хонда CR 500, додека задниот е стандардно задно тркало на CBR 1000 F.
Целото возило е долга 3,65 метри, со меѓуоскино растојание од 2,60 метри, со простор од 133 литри за багаж и набавки.

Мото Куќата е дипломска работа на Џереми Карман во Школата за архитектура во Јужна Калифорнија. Карман, кој сега работи како дизајнер во архитектонска фирма во Сакраменто, вели дека ги комбинира неговите две страсти – мотоцикл и архитектура.







