Почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и Македонија нема да се реализира пред јуни 2019 година, одлучено е денеска на состанокот на Советот за општи работи на Европската унија во Луксембург.
Министрите за надворешни работи на ЕУ го одложија почетокот на разговорите за пристапување со Македонија и Албанија до 2019 година, откако Франција, Холандија и Данска изразија резерва по нпрашање на овие две земји.
По состанокот, грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коциас, дека следната година, Албанија и Македонија ќе добијат “зелено светло”.
– Имаше две различни струи. Од една страна, повеќето од 25-те членови кои сакаа да прифатат и да започнат преговори со Македонија и Албанија до летото 2019 година, а од друга страна, Данска, Франција и Холандија, кои сакаа да ги одложат преговорите – рече Коцијас.
Тој нагласи дека за време на средбата тој се обидол да објасни дека геополитичката и геостратегиската состојба во регионот бара помош, а не одложување на почетокот на пристапните преговори со Европската унија.
Заклучоците на министрите на ЕУ за Западен Балкан на ЕУ, како и формалниот одговор на ЕУ за отворање на преговорите за пристапување со Македонија и Албанија, се испраќаат до шефовите на држави и влади на ЕУ за одобрување на самитот во Брисел на 28 и 29 јуни.











