Британскиот весник “The Guardian”, пред утрешните избори во Турција, објави дека претседателот на земјата, Реџеп Тајип Ердоган, “претставува закана за Турција и за светот”, а гласачите ги повикаа на “Ердоган да го соборат од на власт.
Западните медиуми долго време во текстови кои се во врска со претседателските и парламентарните избори во Турција на 24-ти јуни, на читателите им нудат текстови и коментари за политичката и економската ситуација во Турција, често гледано преку пристрасни и непристрасни ставови.
Така, “The Guardian” објави анализа под наслов “Ердоган е закана за Турција и за светот”, а под оваа анализа се нбаоѓа името на Симона Тисдала. Во анализата се изнесуваат ставови дека Турција со текот на времето стана се повеќе важен фактор во Сирија, Блискиот Исток и остатокот од светот, што според авторот претставува ризик за овој регион.
Исто така, се наведува дека Турција повеќе не е пријател на Европската унија и САД, и дека се приближува до рускиот водач Владимир Путин, кој исто така се смета за ризичен во анализата. Исто така, се тврди дека во случај Ердоган повторно избран за претседател, односите меѓу Турција и ЕУ ќе продолжат да се уназадуваат.
– Заради овие причини, Ердоган мора да биде соборен – порака која во ова анализа е испратена до турски гласачи.
Западот внимателно ги следи настаните поврзани со изборите во Турција, а честопати и во медиумските текстови можно е јасно да се забележи колку во јавноста се истакнува кандидатот поддржан од истите медиуми. Освен што ги пренесуваат узборните обраќања, ја следат реториката, целите,и дебатите меѓу политичките лидери кои се кандидираат на изборите, западните медиуми често го откриваат профилот на лидерот каков што самите го посакуваат, а со тоа и самите се истакнуваат како директен насочувачки фактор.
По објавувањето на датумот на изборите во Турција, некои медиуми почнаа активно да објавуваат статии во кои на многу провокативен начин се занимаваат со ризиците кои ја очекуваат турската економија. Запад, преку медиумите, но и преку агенции за кредитен рејтинг и економски списанија, покажа колку е подготвен да влијае врз гласачите и изборниот процес во оваа земја.
Покрај “The Guardian”, постои негативен став кон изборите во Турција и меѓу другите медиуми. Американскиот Си-Ен-Ен Интернационал ја објавија статијата под наслов “Коцката на Ердоган околу предвремените избори би можела да го возврати отстрани”, наведувајќи дека Ердоган во својата кампања зборува за стара Турција и дека досега се соочил со најсилна опозиција досега.
Овој медиум во прв план ги изнесува зборовите на претседателскиот кандидат Републиканската народна партија (МХП), Мухарем Инче, кој зборува за Ердоган дека “уморен и вообразен”. Си-Ен-Ен интернешнал тврди дека “изјавите на Ердоган за економскиот раст и напредокот немаат големо влијание врз турскиот народ”.
Американскиот “”Bloomberg” во статиите што се однесуваат на објавувањето на интервјуа, вели дека “младите се незадоволни од Турција на Ердоган, единственото нешто што знаат е нивната земја”. Се наведува дека помладите генерации имаат многу слаба политичка меморија. Меѓу интервјуата објавени од “Блумберг” е и разговорот со една покриена студентка, кој вели: “Ние живееме во денешниот свет, не сме заинтересирани за она што било порано”.
Друг млад човек вели: “Ние живееме далеку од развиените општества”, настојувајќи да покаже како младите луѓе низ своите соништа и животни желби сакаат промени во оваа земја.
Британскиот весник “Економист” во бројни анализи не ги криеше ставовите што беа насочени против турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Во анализите што се однесуваат на изборите во Турција, наместо да се занимаваат со економска анализа, овој документ беше повеќе загрижен за политичките резултати. “Економист” вели дека ако Ердоган биде реизбран, неговата земја ќе очекува прилично негативен имиџ.
Меѓу другото, “Економист” тврди дека “во случај Ердоган и неговата партија да победи на изборите, ќе заврши транзицијата кон режим на еден човек”. Списанието, исто така, тврди дека ако Ердоган победи на претседателските избори, а неговата партија го губи мнозинството во парламентот, таа може да ја доведе земјата до незапирлива ситуација и да предизвика повеќе политички турбуленции.
TRT World подготви извештај за одразот на турските избори во западните медиуми, посочувајќи како овие медиуми имаат непристрасен став кон изборите во Турција.
– 56 отсто од вестите поврзани со Турција, објавени во периодот од 8 април до 5 јуни, покажуваат дека биле користени погрешни информации во врска со политичкиот систем и водството на Турција. Во 38,8% од случаите дојде до излив на информации со цел клевета на турската економија – напишано е во овој извештај.
Во извештајот објавен на 20 станици, Агенцијата Франс прес, Асошиетед прес, Вашингтон пост, Њујорк тајмс и Гардијан, забележан е експлицитно негативен став кон турската економија е забележан. Користејќи го терминот “авторитаенр” и “неизвесност”, овие медиуми беа пристрасни во контекст на турските избори, со што беа далеку од објективни проценки.
Со овие текстови посебно се настојувало во финансиските и деловните кругови прикаже една “економски кревка Турција” од што јасно може да се разбере, дека таквата перспектива е поврзана со геополитичките и економските интереси на Западот.
Извор: Faktor/Anadolija











