Министрите за финансии на еврозоната договориле услови за излегување на Грција од третата програма за помош и го одобрија последниот пакет од 15 милијарди евра, изјавил претседателот на Еврогрупата Марио Сентено.
Рано утринава, беше договорено олеснување на долгот и голема исплата на готовина за Грција, како дел од договорот за голем излез за затворање на осумгодишната програма за штедење и спасување за Атина, објави СИЕбиз.
“Ние имаме договор за Грција”, изјавил европски извор, откако повеќе од шест часа разговор доминираше со отпорот на Германија, кој остана во последната минута.
Планирано е Грција да го напушти финансиското спасување на 20-ти август, а министрите за финансии од 19-те земји кои ја користат единствената валута беа под притисок да и понудат на Атина проштална спогодба што ќе ја направи таа земја посилна во очите на финансиските пазари.
Министрите за еврозоната се согласија да го продолжат рокот од десет години за повеќето должнички обврски на Грција, што изнесуваше 180 отсто од бруто-домашниот производ (БДП), што е речиси двојно повеќе од производството на земјата за оваа година.
Извори велат дека доверителите ќе плаатат 15 милијарди евра за да го олеснат излезот на Грција од програмата.
Извор:cdm










