Меркел до Заев: Спогодбата го отвора патот за историски договор

0
400

Канцеларката на СР Германија Меркел упати писмо  до премиерот Заев за договорот за македонско-грчкиот спор за името

„Оваа спогодба го отвора патот за историски договор, и Вам и на Вашата влада срдечно Ви честитам за овој успех.

Сојузна Република Германија со голем интерес ќе го следи спроведувањето на овој Договор и силно ќе го поддржи“, пишува во писмото до премиерот Заев, соопшти владината прес служба.

Извор:НоваТВ