Огромни стаорци окупирале град во Шведска

0
685

Жителите на шведскиот град Сундсвал ги предупредија властите да преземат чекори за да се заштитат од населението од нападот на големи стаорци.

На граѓаните им се препорачува да ги затвораат прозорците и вратите во своите домови, а децата да не одат надвор заради појавата на невообичаено големи штетници.

“Ова не се нормални стаорци, кои можете да ги видите во шумата, тие се големи како мачки”, изјавил Бени Сагмо од Канцеларијата за заштита на диви животни во Сундсвал.
Властите апелираат до сите жители правилно и внимателно да располагаат со храната, за да не ги привлекуваат стаорци.

Причината за проблемот е, наводно, локален центар за рециклирање, во кој глодарите можат да најдат храна и каде што се размножувале.

Извор:РСА