Страшна трагедија попладнево го потресе Велес. Во пожар кој избил нешто пред 17 часот изгореле три дечиња на една, две и петгодишна возраст – пренесува ТВ24.
Според првичните информации, куќата во која се случил пожарот се наоѓа на непристапен терен во Велес. Семејството во импровизираното живеалиште живеело околу 2 години.
Причината за пожарот се уште е непозната. Од местото на пожарот се уште може да се забележи чад.
Во куќата немало ниту струја, ниту вода, бидејќи семејството било социјален случај, па затоа е нејасно од што е предизвикан пожарот.
Родителите ги заклучиле децата дома додека биле излезени.
Во моментот, јавен обвинител се уште врши увид и се очекуваат дополнителни информации.
Пожарот го забележале соседите кои се одалечени на околу 100 метри од куќата во која избил пожарот.
Извор:НоваТВ










