САД се повлекоа од Советот на ОН за човекови права

0
200

Американската амбасадорка при ОН, Ники Хејли, соопшти дека САД се повлекуваат од Советот на Обединети нации за човекови права, истакнувајќи дека таа организација “не е достојна за своето име”.

Објавувајќи го повлекувањето во Стејт департментот заедно со државниот секретар Мајк Помпео, Хели рече дека Вашингтон се одлучил на тој чекор бидејќи другите земји немале храброст да се приклучат на американската борба за реформирање на “лицемерното тело кое си служи само на себе си.”

Таа го обвини ова тело дека е „хронично пристрасно во однос на Ирзаел“, додавајќи дека меѓу членките на Советот има држави кои се обвинети за кршење на човековите права како што се Кина, Куба, Венецуела и Конго.

-Правејќи го овој чекор, сакам да биде кристално јасно дека тоа не значи повлекување од нашето ангажирање во врска со човековите права, додаде Хејли.

Американската амбасадорка потсети дека пред година дена јасно ставила до знаење дека САД ќе останат во Советот на ОН само доколку се спроведат суштински реформи.

Овој потег на САД се случува  еден ден откако комесарот за човекови права на ОН ја осуди администрацијата на Трамп поради раздвојувањето на децата од родителите – илегални мигранти, на границата со Мексико.

Извор:НоваТВ