Иванов не го менува ставот за Договорот, реагира на можен импичмент

0
267

Претседателот Ѓорге Иванов во денешното соопштение уште еднаш потврдува дека нема да го промени ставот во врска со Договорот постигнат со Грција за решавање на спорот со името, нарекувајќи го „штетн“. Притоа Иванов вели дека ја смета за закана и притисок, изјавата на премиерот Зоран Заев дека  „има желба за окрупнување на парламентарното мнозинство и тоа ќе го направат исклучиво за импичмент на претседателот ако мораат“.

-Го повикувам  Заев со истото двотретинско мнозинство кое е неопходно за менување на Уставот на Република Македонија, веднаш да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката, односно импичмент, се вели во писмената изјава на Иванов.

Премиерот Заев во емисијта „Само вистина“ на Канал 5 вчера рече:

-Јас сум претседател на извршната власт која работи чесно, отчетно и транспарентно, не се заканувам само кажувам дека ако некој ја кочи можноста граѓаните да се изјаснат и таа одлука апсолутно мора сите да ја почитуваме до крај. 27 години независна Македонија , заврши времето на пренемагање ,лажење и лични калкулантства. Јас повикав да ја поддржиме европска Македонија. Ние сме тука и да слушаме и да спроведуваме , граѓаните ќе имаат шанса да одлучат секој оној што ќе се обиде ттоа да го спречи ќе направам се да ја отстранам блокадата, рече Заев.