Протече документ: ЕУ се подготвува мигрантите да ги собира во центри надвор од своите граници

0
472

Лидерите на Европската унија (ЕУ) на самитот, кој ќе се одржи следната недела во Брисел, ќе го поддржат предлогот мигранти да се собираат во центри кои ќе бидат надвор од границите на Унијата.
Во медиумите пред самиот самит, протече нацрт од заедничка декларација на ЕУ, во која се наведува дека мигрантите треба да бидат задржани во центри надвор од земјите членки.
– Се изразува поддршка дека мигрантите што ќе бидат спасени во морињата, во соработка со Европскиот совет, УНХЦР и со Меѓународната организација за миграции (ИОМ), ќе бидат собрани во регионалните евакуациски центри – се наведува во нацртот на декларацијата.
Се Напоменува дека во овие центри многу побрзо и полесно ќе биде откриена разликата меѓу економските мигранти и барателите на азил кои бараат меѓународна заштита. Се додава дека со ваквата практика мигрантите би биле спречени да упатуваат на опасни патувања преку морето.
На самит, каде ќе присуствуваат претседателите и премиерите на земјите-членки на ЕУ, ќе се одржи на 28 и 29 јуни во Брисел.
Австрискиот премиер Себастијан Курц во саботата изјави дека во случај илегалните мигранти да не можат да се вратат надвор од границите на Европската унија, потребно е тие да се собираат во центри за безбедност кои ќе бидат надвор од Европа.
Курц зборувал за австрискиот весник “Die Presese”, на кој одговарал прашањата поврзани со бегалската криза која повторно е тема на расправа во рамките на Унијата.
Со оглед на тоа што неговата земја претседава со ЕУ во јули оваа година, Курз истакна дека една од главните приоритети на Австријата во овој период ќе биде проблемот со нелегалните миграции.

Извор:faktor