(Видео) Од традиционалниот Бајрамски концерт на Кичевчани.

0
2112

Како и секоја година, после завршувањето на рамазанските пости, Кичевчани, како во претходните така и оваа година ја продолжуваат традицијата на оддржување на познатиот Бајрамски концерт, каде како и секоја година, учество земаат голем број на представници и членови на хорови, хафизи, и имами од Балканот и пошироко, кои преку своите итерпретации илахија и касиди, како и проучување на Кур`ан и Хадис, укажуваат на важноста на овој исламски празник, исто така и на важноста на изминатите денови на мубарек месец Рамазан.

Ова година како гости и учесници се издвоија : хор “Ѓулистан“ – Нови Пазар, хор “Илхам“ Рожаје – Црна Гора, хафиз Арменд Беќири – Феризај од Косово, еф. Елјеса Асани – Гостивар.

На покана на организаторите на овој традиционален концерт, и дел од екипата на Дубаи Портал, имаше можност да учествува на овогодинешниот концерт кој се оддржа во просториите на домот на културата “Кочо Рацин“ на 17.06.2018 година.

Во продолжение на оваа информација Ви го прикажуваме во целост оддржаниот концерт, забележан од страна на представниците на Дубаи Портал.

Притоа, би сакале да уште еднаш да им се заблагодариме на организаторите на овој традиционален концерт, што ни ја укажаа таа чест и ние да бидеме дел од оваа традиција на Кичевчани, и истиот преку нашиот медиум, прикажеме на пошироката јавност.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=w74AAabErWY[/embedyt].

Фото:еф.Елјеса Асани Фото: Мурат Хусеини -(Муфтија на Општина Кичево)

Фото:хор “Илхам“ – Рожаје (Црна Гора) Фото: хафиз Арменд Беќири  (Косово) Фото:хор “Ѓулиста“ – Нови Пазар