Ердоган го пофали на Роналдо: Му аплаудирам на играта и ставот кон Палестинското прашање

0
1446

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го пофали португалскиот фудбалер Кристијано Роналд заради играњето на Светското првенство, но исто така и заради неговиот став за палестинското прашање.

Во програмата “Средба на младите и технологијата”, турскиот претседател во директен пренос одговорил на прашањата кои од турската младина која ги поставувала на социјални мрежи.
Ердоган одговорил и на прашањето за тоа кого го смета за фаворит на сегашното Светско првенство во Русија и да ја спореди играта на двајца најдобри играчи на денешницата, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
– На почетокот, реков дека Германија е фаворит, но тие загубија. Германија загуби во првиот натпревар и работите малку се искомплицираа. Сите силни сега губат. Ја видовме ситуацијата со Бразил. Мексико одигра одлично, не знам дали така ќе се продолжи “, изјавил Ердоган.
На прашањето на Меси или Роналдо, Ердоган изјавил дека Роналдо е посебен и дека три гола што го постигна против Шпанија се многу важна, иако Португалија со тие три голови се избори за реми.
– Хет-трикот е врв, тука нема дискусија, и секој не го може тоа. Тој перформанс, карактер и вера која Роналдо ја прикажа на теренот, токму како и неговиот став кон палестинското прашање, се многу важни работи и затоа му аплаудирам “, изјавил Ердоган.
Извор: faktor/Anadolija