На аеродромот во Франкфурт, еден од најпрометните во Европа, во денес наутро се запалил камион кој го влечел авионот.Камионот го влечел Ербас 340-300, а потоа од неутврдени причини се запалил. Пламените јазици зафатиле дел од кабината на авионот, но тој не се запалил.
Кон камионот кој бил во пожар, веднаш биле испратени противпожарни екипи, кои брзо го изгаснале пожарот.
До инцидентот е, пишува Мирор, дошло при преместување на авионот од излезот со помош камион за влечење . Таков метод за транспорт на авион се користи така што пилотот не мора да ги користи моќни млазни мотори во близина на патничкиот терминал.
Се уште не е познато дали некој од екипажот или патниците биле в оавион кога избувнал пожар.
Авионот претрпел помала штета од високите температури.
Никој не бил повреден во пожарот, меѓутоа пожарот влијаел на воздушниот сообраќај.

Извор:cdm

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here