Турската економија оствари раст од 7,4 проценти во првиот квартал од оваа година во споредба со истиот период минатата година, објави денес Турскиот статистички институт (TurkStat), пренесува Anadolu Agency (AA).

Според податоците на ТуркСтат, тримесечниот бруто-домашен производ (БДП) со сегашните цени се искачи на околу 792,7 милијарди турски лири (речиси 207,5 милијарди долари).

Група од 19 експерти во петокот за АА истакнаа дека во првиот квартал од 2018 година очекувале раст на турската економија од 6,9 отсто.

БДП во Турција минатата година изнесуваше 3,1 трилиони турски лири (околу 850,7 милијарди долари), што е пораст на БДП, кој во 2015 година кој изнесуваше 2,6 трилиони турски лири (околу 860 милијарди долари).

Просечната вредност на американскиот долар во однос на турската лира минатата година изнесуваше 3,64, додека во 2016 година еден долар се менуваше за 3,03 турски лири.

Според ревидираните податоци на ТуркСтат, економијата на земјата порасна за 7,4 отсто во споредба со претходната година, што претставува најголема годишна стапка на раст од 2013 година; а во 2016 година, за споредба, изнесуваше 3,2 проценти.

Владата планира 5,5 отсто годишен економски раст до 2020 година во рамките на својата среднорочна програма.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here