Не е добро што кај македонскиот блок имаме две добро етаблирани политички партии и двајца лидери, додека пак кај албанскиот имаме премногу, вели лидерот на БЕСА Африм Гаши во неделното интервју. Некои аналитичари пак, сметаат дека нивното влегување во власта ќе биде фатално за опстанокот на партијата
Албанскиот политички блок е расцепен и бидејќи тоа не е во интерес на политичкиот живот во земјата потребата од негово окрупнување е неопходна,вели лидерот на БЕСА, Африм Гаши во неделното интервју на радио Слободна Европа. Тој вели декаБЕСА е отворена за коалиции со други партии, покрај ДПА и ДУИ со кои е во моментот дел од владината коалиција.
„Не е добро што кај македонскиот дел имаме две добро етаблирани политички партии и двајца лидери, додека пак кај албанскиот имаме премногу. Мислам дека треба да почнеме да размислуваме за окрупнување, ние сме отворени за таа идеја, но најважно ни е тоа да се прави на принципиелна основа, да се договараме за еден систем на вредности во кој веруваме и тоа да биде лепакот кој ќе не спои нас,“ вели Гаши во интервјуто.
Во овој контекст Гаши потенцира дека БЕСА не треба да се гледа како чисто албанска партија, бидејќи како што вели останува отворена за сите етнички заедници кои ги делат истите идеи и визии за подобра Македонија.
И додека во јавноста се шпекулира за можно припојување на тетовското крило на БЕСА на Биљал Касами со Алијансата на Албанците предводена од Зијадин Села, Гаши потврдува дека со Алијансата немаат никакви контакти.
„Ние сме отворени и кон нив, иако тие во последно време, не знаеме од која причина се толку критични кон нас. Ако го земеме предвид нашиот пристап кога тие беа во власта, ние никогаш не сме ги критикувале и не гледаме дека тие се пречка за нас. Наспроти тоа ние имавме волја и да коалицираме со нив во вториот круг од локалните избори,“ вели Гаши.
И политичките аналитичари сметаат дека расцепкувањето на дел од албанските политички партии е резулат на незадоволството од постојните партии ДПА и ДУИ. Ова расцепкување се покажува како неуспешен експеримент бидејќи тие партии не успеваат да станат големи партии и да создадат широк електорат, вели професорот Алајдин Демири.
Повеќе на: makdenes.org









