Авганистанскиот претседател Ашраф Гани најави привремен прекин на огнот со Талибанците по повод Бајрам, којн се обележувањето после месецот Рамазан.
Примирјето ќе трае од 11 до 20 јуни, но не е јасно дали Талибанците се согласиле со тоа, пишува Радио Слободна Европа.
Смртоносните напади на милитантите низ Авганистан не се намалени за време на месецот Рамазан.
Гани соопшти дека авганистанските безбедносни сили “ќе ги прекинат офанзивите”, но само против талибанските милитанти, а во меѓувреме, на силите за одбрана и безбедност наредено им е да продолжат со операциите против милитантните организации исламски држави, Ал Каеда и “сите други меѓународни терористички мрежи и нивните соработници “.
Портпаролот на Талибанците, Забиулах Муџахид, не сакаше да го коментира ова за Радио Слободна Европа.
“Прекинувањето на огнот е можност за Талибанците да се преиспитаат и да дознаат како нивната насилна кампања не им наметнува наклонетост на граѓаните, туку само ги отуѓува Афганистанците од нивната цел”, напиша Гани на Твитер.
Сепак, во редовите на владата, сите не биле за оваа одлука, како пренесува Ројтерс, поранешниот воен командант Атикулах Амаркел предупреди дека прекинот на огнот ќе им даде на талибанците шанса да се прегрупираат.
“Од воена перспектива, ова не е добар потег”, изјавил тој за Ројтерс. “Ова ќе им даде на непријателите шанса да се подготват за други напади”.
Најавата на Гани доаѓа само неколку дена откако највисокото религиозно тело во земјата издаде верска наредба или фетва, кој забранува самоубиствени напади, бидејќи е спротивно на исламските прописи.
На седницата во Кабул, пред три дена, Советот на Улема во Авганистан, исто така, апелираше до владата и талибанците и другите милитанти да се согласат да прекинат со оган и ги повикаа сите страни во мировните разговори.
Пред местото каде се оддржувал собирот, се разнел бомбаш самоубиец и убил седум лица.
Локалната огранок на милитантната организација, Исламската држава, ја презеде одговорноста.
Владата, поддржана од Запад, се обидува да се одбрани од талибанците и другите милитантни групи од повлекувањето на поголемиот дел од војниците на НАТО во 2014 година.
Талибанците ги зголемија нападите врз авганистанските безбедносни сили, како и владините претставници низ целата земја, откако ја објавија својата пролетна офанзива во април.
Во февруари, Гани им понуди на Талибанците да се издигнат како политичка партија и рече дека ќе работи за укинување на санкциите против оваа милитантна група, ако тие пристапат во владата во мировните преговори.
За возврат, милитантите треба да ја признаат владата во Кабул и да го почитуваат владеењето на правото.
Извор:РСА









