Евакуиран аеродромот во Хамбург, целосна блокада на сообраќајот

by Administrator

Аеродромот во Хамбург целосно e блокиран. Ниту еден авион не слетува или полетува, јави агенцијата ДПА. Портпаролката на аеродромот соопшти дека сите патници се евакуираат од објектот.

Ова е аеродромот во вториот по големина град во Германија, кој е исклучително прометен. Евакуацијата започна некаде по 10 часот наутро. Сè уште нема информации за причината за блокадата. Годишно преку овој аеродром поминуваат околу 17 милиони патници.

You may also like

Leave a Comment