Третиот ден по ред, Јордан е потресен од најголемите демонстрации забележани во последниве години, објавија Би-Би-Си. Граѓаните протестираат против зголемување на даноците и мерки на штедење. Полицијата употребила солзавец и ги блокирала улиците во Аман за да ги спречи демонстрантите да дојдат до зградата на владата.
Демонстрантите веруваат дека новите даноци поддржани од Меѓународниот монетарен фонд ќе им наштетат на сиромашните и на средната класа. Кралот Абдула ги покани сите страни на воздржаност и компромис.
Илјадници граѓани бараат отпуштање на премиерот Хана Мулки. Во последниве денови, протестите се проширија на некои градови и провинции. Имало и судир со полицијата.
Кралот Абдула во петокот одлучи да ги замрзне цените на горивото кои вртоглаво растеле. Властите тврдат дека спроведуваат реформи за да го ослободат Јордан од финансиската криза. Тие истакнуваат дека војните во соседна Сирија и Ирак предизвикала огромна штета за оваа земја.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)