Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Истанбулскиот канал, по примерот на Суетскиот и Панамскиот канал, ќе биде “светски бренд”. За време на говорот во Истанбул на церемонијата за презентирање на кандидатите на владејачката Партија на правдата и развојот (АК партија) за претстојните избори во Турција , Ердоган истакна дека проектот Истанбулски канал во голема мера ќе го ослободи Босфор, со што ќе се избегне “еколошка катастрофа”.
Пловниот канал со должина од 45 километри ќе го поврзува Мраморното и Црното Море, а тоа треба да биде завршено до 2023 година.
Ердоган истакна дека целта е да се намали ризикот поврзан со превозот на опасни материи во Босфор, нагласувајќи дека ова е стратешки проект за развој.
Тој истакна дека Турција ќе продолжи со економскиот раст во наредните години, изразувајќи надеж дека годинава ќе привлече околу 40 милиони туристи, додека во наредниот период целта е 50 милиони туристи годишно.
“Веќе знаете како изгледа Истанбул, но на 29 октомври ќе го видите новиот Истанбул”, рече Ердоган, потсетувајќи на денот кога ќе се отвори долгоочекуваниот трет аеродром во Истанбул.
“Се работи за еден аеродром со капацитет од 90 милиони патници дневно”, истакна турскиот претседател, додавајќи дека целиот свет му се восхитува на новиот аеродром.
(Vijesti / AA)










