Нападнато министерството за внатрешни работи на Авганистан

by Administrator

Во утринскиот напад на Министерството за внатрешни работи на Авганистан сместено во Кабул, загина едно, а биле ранети пет полицајци, пренесува Агенцијата Анадолу (АА).

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Наџиб Даниш изјавил дека тројца од десет напаѓачи активирале експлозивна направа на влезот во зградата, по што следело судир меѓу припадници на безбедносните сили и седум напаѓачи.

Според него, напаѓачите биле неутрализирани по краток конфликт. Никој досега не ја презеде одговорноста за нападот. Зградата на Министерството за внатрешни работи беше отворена минатата година.

Извор:faktor

You may also like

Leave a Comment