Соединетите Држави ја повикаа Русија да ја прифати одговорноста за падот на авионот на Малезија Ерлајнс МХ17, кој беше соборен од проектил на руската војска во 2014 година над Украина.

Портпаролот на Стејт департментот, Хедер Науерт, во изјавата објави дека Заедничкиот истражен тим (ЈИТ) во четвртокот објави дека е утврдено дека авионот на Малезија Ерлајнс МХ17 бил соборен од ракетен проектил на руската армија над Украина во 2014 година.

– Време е Русија да признае дека го собори авионот МХ17 и да запре со кампањата на дезинформација – рече Науерт.

Во соопштението, исто така, дсе одава дека Русија треба да ги цени апелите на сите земји да ја прифати одговорноста за падот на авионот на Малезија Ерлајнс МХ17.

На прес-конференцијата, беше кажано дека проектилот припаѓал на 53-та бригада на руската армија лоцирана во Курск.

Авион на релацијата од Амстердам до Куала Лумпур соборен беше на 17 јули 2014 година на исток од Украина, а во несреќата загинаа сите 298 луѓе во авионот. Истрагите на западните експерти покажаа дека проектилот Бук од руско производство, кој го собори авионот, бил истрелан од проруските сепаратисти на исток од Украина.

Во авионот имаше 283 патници и 15 членови на екипажот.

Извор:faktor

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here