Израелскиот Врховен суд во четвртокот одобри уривање на бедуинското село Кан Ал-Амар, кое има 187 жители, од кои половината се деца. Селото се наоѓа на западниот брег, кој е под израелска окупација.
Во селото има училиште кое го посетуваат 170 деца од заедницата на бедуини од целата област.
-Оваа одлука ќе доведе до наше протерување од селото. Судот му даде на владата на Израел шестмесечен период да ја изврши наредба за уривање, изјави портпаролот на бедуинската заедница Еид Јахалеен за агенцијата Анадолу (АА).
Судот во пресудата изјави дека нема ниту една причина за која би била блокирана наредбата на министерот за одбрана за уривање на селото.
Во областа на источен Ерусалим има 46 бедуински заедници со околу 3.000 жители.
Израелските власти се обидуваат да ги протераат од своите домови, што е околу 20 проценти од територијата на Западниот брег, со цел да се ослободи простор за изградба на населба за израелските доселеници.
Извор: Анадолија