Нов напад во Торонто: Во експлозија ранети 15 лица

by Administrator

Повеќе од 15 лица се ранети во експлозија што се случи во четвртокот во ресторан во Мисисаго, предградие на канадскиот град Торонто, објавија медиумите.

Ранетите биле однесени во болница кратко време по експлозијата во ресторанот Бомбај Бел, а меѓу нив и три лица кои се во критична состојба, објави на Твитер регионалната служба Peel Regional Paramedic Service.

Експлозијата се случила после 22 часа по локално време, а полицијата објави дека во тек е потрага по двајца осомничени и ја објави нивната фотографија на Твитер. Осомничените влегле во ресторанот, фрлиле “импровизиран експлозивен уред” и избегале, соопшти полицијата. Мажите побегнале, а досега никој не ја презеде одговорноста за експлозијата, објави Jutarnji.hr.

На фотографија објавена од полицијата, двајца мажи се гледаат облечени во темни “маици”, како влегуваат во ресторанот, а еден од нив носи некој предмет во свои раце.

Овој инцидент се случи на еден месец откако возач на изнајмено комбе влета во толпата луѓе во Торонто, при што загинаа 10 лица и беа повредени 15 лица.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=ft6xaKV3_yg[/embedyt]

Извор:faktor

You may also like

Leave a Comment