Во средно училиште во Санта Фе, Тексас, дошло до пукотници. Локалните медиуми објавија дека имало мртви. Според првите информации, најмалку осум ученици биле убиени. Како што известува Си-Ен-Ен, напаѓачот бил уапсен, но засега нема повеќе информации за тоа што точно се случило.
Училиштето е под полициска опсада, а целата област ја покриваат три хеликоптери.
– Осомничениот е во притвор по пукањето во средното училиште Санта Фе, изјави Крис Ричардсон, заменик-директор.
Човекот влегол во училницата со автоматска пушка и почнал да пука. Еден од сведоците изјавил дека видел студент со прострелана нога.
– Повредените се пренесуваат во болница во блискиот град Галвстон, изјавила портпаролката на болницата Раул Рејс.
“Стоевме пред училиштето, но по пет минути слушнавме звук на испукани куршуми, изјавил еден од сведоците, додавајќи дека слушнал четири истрели.
Целиот училишен округ е под полициска опсада и е блокиран до понатамошно известување.
Извор:(Vijesti)










