Бројни граѓани пристигнуваат во истанбулскиот кварт Јеникапи, каде што организацијата на неколку турски невладини организации денес ќе одржи митинг за поддршка на Палестина под наслово “Клетва за зулумот, поддршка на Кудс”, јави агенцијата Анадолу (АА).

На местото каде што ќе се одржи митингот, биле поставени големи знамиња со пораката Клетва за зулумот, поддршка на Кудс”, како и постери на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк и актуелниот претседател на Турција, Реџеп Тајип Ердоган. Граѓаните кои доаѓаат на митингот носат турски и палестински знамиња, а голем број турски и странски новинарски тимови се акредитирани за да го следат митингот.

Според најавите, на собраните граѓани ќе им се обрати турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим и претседателот на опозициското Движење за национално движење Девле Бахчели.

Илјадници Палестинци се собраа во понеделникот на границата во Газа, во знак на протест поради израелската окупација и американското преместување на Амбасадата на Тел Авив во Ерусалим.

Израелските безбедносни сили се обидоа да ги спречат протестите кои продолжија во вторникот, користејќи сила и огнено оружје. 62 Палестинци загинаа, а најмалку 3.000 беа повредени.

Меѓу осудите што доаѓаат од светот, меѓу другото, се вели дека прекумерната сила е неприфатлива во случај на мирни протести што Палестинците ги организираат на 70-годишнината од Накба, односно масовно гонење на тие луѓе.

Извор:faktor/AA

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here