Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во обраќање на конференцијата “Членки на заедницата: Солидарност во Европа”, што се одржа во Фиренца, Италија, изјави дека популизмот и национализмот, како што е економската криза, доведоа до зголемување на јазот меѓу земјите-членки на ЕУ.
Јункер предупреди дека Европа во последно време ја погаѓаат разни кризи, истакнувајќи дека солидарноста полека се губи, што, како што рекол, најдобро покажа мигрантската криза.
– Многу сум збунет од пукнатините предизвикани од мигрантската криза по прашање на нашата солидарност – рекол Јункер.
Тој додаде дека членките на ЕУ самите треба да ги применуваат европските вредности, наместо на тоа некој да ги принудува. Тој смета дека на регионот на Западен Балкан “итно му потребна европска перспектива” и предупредува дека проблемите и трагедиите што се случиле во минатото може да се повторат.
Претседателот на Европската комисија истакна дека Брисел треба да има посилна позиција во врска со заедничката надворешна политика на ЕУ, истакнувајќи дека Европа и натаму ќе мора да посвети поголемо внимание на заштитата на нејзините надворешни граници.
На крајот, тој, исто така, рече дека спасувањето на европскиот проект е повеќе солидарност меѓу земјите-членки на ЕУ.
Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани истакнал дека земјите-членки на ЕУ треба да дејствуваат заедно за да обезбедат безбедност за сите граѓани во Унијата.
– Проблемот со мигрантите не можат сами да го решат земјата на југот на Европа. – рекол Тајани.
Извор:faktor










