“Србија е пријателска земја за нас, таа е клучна земја за мирот и стабилноста на Балканот”, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по состанокот со претседателот на Србија Александар Вучиќ. “Во двете наши земји постои силна волја за унапредување на билатералните односи на секоја поле на соработка “, истакнал Ердоган во своето обраќање на Бизнис-форумот меѓу Турција и Србија.
Турскиот претседател минатата година изјави дека обемот на трговијата меѓу Турција и Србија надмина една милијарда долари, со цел да се зголеми обемот на трговија на две, а потоа и на три милијарди долари.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Истанбул истакна дека туризмот е еден од секторите во кои неговата земја и Србија можат да продолжат да соработуваат.
“Во тоа треба да успееме, пособено кога станува збор за аранжманите во кои Турција и Србија можат да работат заедно”, рекол Ердоган во обраќањето на бизнисмените на Бизнис форумот Србија и Турција во Истанбул.
Извор:(Vijesti)









