Премиерката на Бангладеш, Шеик Хасина, побара од муслиманските земји да продолжат да вршат притисок врз Мјанмар со што ова земја би озбезбедила сигурно и достоинствено враќање на Рохинја муслиманското малцинство.

“Етничката група Рохинја, исто така, го заслужува правото на живот, достоинство и преживување како сите нас”, рекла Хасина во саботата во Дака, на отворањето на 45-тата конференција на министрите за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (МОК).

Воената кампања во Мјанмар, која ОН го нарекува етничко чистење, ги принуди во избеглиштво-прогон речиси 700.000 муслимани Рохинји од август минатата година кои засолниште најдоа во Бангладеш.

Над милион Рохија

Министерката на конференцијата изјавила дека 1,1 милион Рохинја сега се наоѓаат во Бангладеш.

Рохинја заедницата е многу сиромашна и маргинализирана муслиманска заедница во Мјанмар, која нема право на државјанство ниту право на глас.

“Кога заедницата Рохинја во Мјанмар беше изложена на етничко чистење, братството на ОИК не може тоа да го игнорира”, изјавила Хасина, барајќи од официјалните лица од 57 земји-членки на ОИК да застанат зад овие раселени  лица со цел да им се гарантира безбедноста и норнален живот.

Под притисок на меѓународната заедница, Мјанмар вети дека ќе ги врати бегалците доколку можат и докажат дека таму живееле претходно.

Мјанмар и Бангладеш во јануари на заедничка средба , одредија две години за да го решат прашањето за враќањето на Рохинја заедницата во Мјанмар.

Извор:(ТБТ, агенции)