Вулканот Килауеа на Хаваите исфрлил црвена лава на стамбена населба, со шѕо е покрената наредба за сериозна евакуација на населението во таа област.

Џанет Снајдер, портпаролка на округот Хаваи, во четвртокот изјави дека црвената лава ја поплавилла улицата Мохала во Леилан. Таа додаде дека властите во областа наредија евакуација на населението од улицата Луана до патот Похохики. На населбата каде што беше прогласена задолжителна евакуација има околу 1.500 жители.

Ерупцијата се случи неколку дена по земјотресот кој ја погоди областа Пуна на Големиот Остров или Хаваи, најголемиот остров на хавајскиот архипелаг.

Претходно оваа недела, пропадна и кратерот Пуу Ооа, што според некои е настанал како причина на почетокот на активирање на вулкано. Геолошкото истражување на САД соопшти дека во четвртокот попладне беа пријавени нови пукнатини. Излегувања на топло испарување, а лава за кратко започнала веднаш да се појавува. Тие додадоа дека постои ризик дека погодената област да биде покриена со лава и дека Леилани во моментов е најзагрозена област.

Извор:(Vijesti / AA)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here