Најголемиот брод во светот, познат како Pioneering Spirit отпловил преку Босфор привлекувајќи го вниманието на локалното население и туристите во Истанбул.Бродот работи на поставување на подводен гасовод ФОТО: АА

Станува збор за  382 метри долг и 124 метри широк градежен брод кој ќе работи на проектот за гасоводот Турски тек. На мега бродот пловат 562 работници од 40 земји, јави агенцијата Анадолу.

Пловечкиот џин, кој е неколку пати поголем од Титаник во Турските води вплови,  пред два дена и помогна во поставување на гасовод на длабочините на морето.

По завршувањето на работата, Pioneering Spirit од Босфор замина за Ротердам, каде што ќе отплови во норвешките води во Северниот Пол и ќе помогне да се постави 22.000 тони тешка нафтена платформа.

Брод кој може да држи две и пол од тежината на Париската Ајфелова кула и на чија платформа можат да се сместат пет авиони на “Ербас А380”, ќе се врати во Црното Море во третиот квартал годинава за да работи на идната фаза на изградба на Турскиот тек.

Извор:faktor

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here