Во Ташкент потпишани низа договори помеѓу Турција и Узбекистан

by Administrator

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган допатува во главниот град на Узбекистан Ташкент, првата станица од неговата турнеја во чии рамки освен оваа централноазиска држава ќе биде опфатена и Јужна Кореја.

Претседателот Ердоган во претседателската палата Коксарај беше дочекан со официјална церемонија од страна на узбечкиот претседател Шевкет Мирзијајев.

Двајцата лидери Ердоган и Мирзијајев по средбата лице в лице и меѓуделегациските разговори присуствуваат на церемонијата на потпишување на низа договори помеѓу двете земји, а потоа одржаа и заедничка конференција за претставниците на печатот.

Претседателот Ердоган на одржаната прес-конференција истакна дека Турција е одлучна за зајакнување уште повеќе на односите со Узбекистан во сферите на економијата, индустријата, земјоделството и туризмот.

Велејќи „Развојот на нашите економски односи буди задоволство“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Нашата меѓусебна трговија во 2017 година изнесуваше 1,2 милијарди долари, додека сега е зголемена на 1,5 милијарди долари. Наша цел е нашиот трговски обем да го зголемиме на 5 милијарди долари. Тоа не е тешко, ние можеме да успееме во тоа, бидејќи таа волја постои и кај двете страни.“

Ердоган напомена дека потпишаните договори помеѓу Турција и Узбекистан се излезени на едно долго патување.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во текот на денот во рамките на своите средби и разговори во главниот град на Узбекистан Тешкент ќе им се обрати на пратениците во узбечкиот парламент, а ќе положи и венец на спомениците Јасли Ана и поранешниот узбечки претседател Ислам Керимов.

Претседателот Ердоган и узбечкиот претседател Шевкет Мирзијајев ќе учествуваат и на турско-узбечкиот бизнис форум.

Претседателот Ердоган по посетата на Ташкент, утре (вторник) ќе го посети и историскиот град Бухара.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за време на оваа негова посета е придружуван од страна на неколку министри и голем број бизнисмени.

You may also like

Leave a Comment