Американскиот државен секретар Мајк Помпео денес предупреди на “сериозна загриженост на САД” околу одлуката на Анкара да го купи руските противракетни батерии земја-воздух С-400 кои не се компатибилни со одбранбените системи на НАТО.
Помпео се состанал со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, на маргините од состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел.
“Државниот секретар ја истакнал сериозната загриженост на Америка, доколку продолжи со реализација, тој побара од Чавушоглу внимателно да го разгледа користењето на интероперабилните системи на НАТО”,пренесе Ројтерс цитирајќи ги зборовите на високиот американски официјален претставник.
Официјален претставник на НАТО ја предупреди Турција на уште неконкретизирани последици доколку го купи С-400, меѓутоа турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рече дека врските на неговата земја со Алијансата сѐ уште се блиски.
Чавушоглу денес изјави дека, како што пренесуваат медиумите, Турција би можела да размисли за понудата за купување на ракетите Патриот или други противвоздушни одбранбени системи од сојузниците на НАТО.
Извор:PCA








