По неколкудневните шпекулации, рускиот генерал Сергеј Рудиска на прес-конференцијата потврди дека два проектили кои не ја погодија целта во ракетирањето на во Сирија од страна на западните сили префрлени се во Москва и се предаваат на воениот центар за истражување.

“Два проектили кои беа користени за време на сирискиот напад, а кои не ги достигнаа целите, беа испорачани во Москва. Станузва збор за крстосувачкиот проектил  “Томахавк” и една авионска ракета. Резултатите од анализата ќе бидат искористени за подобрување на руското оружје “, соопшти на прес-конференцијата оддржана во средата на 25 април, изјави началникот на Генералштабот на руската армија, Сергеј Рудкској.

“Двата проектилите не ги достигнале целите, наводно заради технички проблеми. Двата од нив,вклучувајќи ја и ракетата “Томахавк” и прецизен ракетен проектил, биле предадени во Москва. Ударниот дел од “Томахавк” може да се види на слајдот “, изјавил генералот Рудској за време на презентацијата пред големиот екран во прес-салата.

Главниот штаб на новинарите им ги прикажал деловите од крстосувачката ракета, американската “Томахавка” и проектилите на Велика Британија и Франција – SCALP и “Storm Shadow”.

Според генералот Рудској, војската го има поголемиот број на делови од самите проектили, но и нивни погонски системи и основни елементи на просторот и радио навигацискиот систем.

“Деловите се во добра состојба и нема знаци на оган, иако дупките на нивна страна јасно можат да го препознаат дејството на противвоздушната одбрана”, додал рускиот генерал.istrazivacki centar sirija

ФОТО: Истражувачки центар Барзех, Сирија

На деловите од проектилите сочувани се сериски броеви, а пронајдени се после нападот на САД и сојузниците на објекти во Сирија. Според овие бројки ќе се утврдат сопствениците на оружјето, соопштено е од врвот на руската армија.

“Фрагментите на крстосувачките ракети пронајдени во областите на пресретнување имаат карактеристични дупки на ракетни проектили со воздух-земја. Некои делови се оштетени, но според етикетите и сериските броеви, датумот, компанијата, исто така, произведувачот и другите податоци, експертите лесно ќе можат да идентификуваат на кого му припаѓаат “, изјавил генералот Рудској.

Руските експерти пронајдоа докази за 22 проектили по нападот во Сирија. Американската војска тврди дека во Сирија претходно овој месец биле лансирани вкупно 105 проектили.

“Главниот извршен директор на руските вооружени сили извршил детална анализа на проектираните ракетни фрагменти, ги истражува кратерите и начините на уништувањето на објектите, што доведува до заклучок дека од 105-те лансирни проектили, како тврди американската страна, на подрачјето на метите не паднале повеќе од 22”, изјавил Рудској.

Претходно, извор во сириската армија за ТАСС изјави дека сириската армија открила два неексплодирани крстосувачки проектили, и тие со авион биле испратени во Москва на 18-ти април.

“Со оглед на траекторијата на летот и способноста на сириската против-авионска одбрана, беа изненадени заради петте области на пресретнување, три лоцирани западно од главниот град на Сирија и две на исток од земјата”, изјавил генералот Рудској, покажувајќи сателитски снимки на областите на пресретнување и нападите .

Генералот Рудској го потсетил Пентагон дека 22-та проектили го погодиле комплексот Chem Shinshar, но руските и сириските воени експерти не најдоа повеќе од седум удари, како што може да се види во сателитски снимки.

Има само два погодоци забележани на подземниот магацин на комплексот Chem Shinshar.

meta napada skladiste sirijaФОТО: Цел на напад, складиште во  Шиншар

“Во исто време, најголеми штети скапите и таканаречените” паметни “проектили предизвикаа на зграда во Барзех која нема никаква врска со воените активности”, истакнал рускиот генерал.

Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација е изненаден од изборот на Пентагон и неговите сојузници.

Ако имало отровни супстанции во погодените објекти, веднаш би умреле десетици илјади луѓе, посочил Рудској.

“Во исто време, не ја разбираме логиката на воените и политичките врвови на САД, Велика Британија и Франција при изборот на објекти за напади. Ако верувавале дека таму има хемиски резерви, ударите на крстосувачките проектили ќе создадеа големи џебови на контаминиран терен, а во Дамаск сигурно ќе загинаа десетици илјади луѓе “, истакнал Сергеј Рудској.

Тој посочи дека во секоја земја каде што се спроведува истражувањето за хемиско оружје и се чува таква муниција тие внимателно се заштитени заради големата опасност за човечките суштества.

“Сепак, ништо од ова немаше ниту во Истражувачкиот центар Барзех, ниту во надземниот и подземниот дел од комплексот Chem Shinshar во провинцијата Хомс. Тоа беа обични објекти и хангари. Веднаш по нападот, многу луѓе ги посетија овие уништени објекти, кои работеле таму без никаква заштита, а ниту еден од нив не бил погоден од токсични супстанции “, изјавил генералот.

Според него, ниту еден од трите објекти избрани за удари не бил потенцијал за производство на хемиски агенси од сириската страна, ниту пак имало боен отров  и токсични супстанции.

ВИДЕО – Прес конференција на генерал Рудској (делови од проектили од 6,23 видео)

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=5GK1vRpQ-z0[/embedyt]

Извор:logicno.com

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here