Американскиот претседател Доналд Трамп го повика својот руски колега Владимир Путин во САД за време на телефонски разговор и изјавил дека ќе му биде мило да се состане со Путин во Белата куќа, објави денес новинската агенција РИА, повикувајќи се на руското Министерство за надворешни работи.
Агенцијата ги потврдува зборовите на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, дека Трамп неколку пати ја споменувал можноста за покана за време на телефонскиот разговор со Путин.
Додека пак, Трамп на Путин му изјавил дека со задоволство ќе ја посети Русија, ги потврдува зборовите на Лавров, агенцијата РИА.
Извор: Фена










