За време на денешните масовни демонстрации, на “Големиот марш за враќање” на границата на појасот Газа и Израел загинале двајца, а биле повредени 40 Палестинци, јави агенцијата Анадолу (АА).

ФОТО: АА

Палестинскиот портпарол Есреф ал Кудра изјави дека 24-годишниот Ахмед Ресад Усамин и 25-годишниот Ахмед Небил Абу Ахл денес биле убиени за време на масовните демонстрации кои се одржуваат четири петоци по ред.

Тој потврди дека 40 лица се ранети.

Илјадници Палестинци на границата во Газа мирно протестираат веќе четири петоци по ред и го обележуваат Денот на земјата за да се потсетат на 30 март 1976 година, кога Израел од нив одзеде илјадници хектари земјиште.

Денешниот, Марш го носел називот “Петок на Шехидите и затворениците”, а локација и денес е границата на Газа.

Досега, 37 Палестинци се убиени, а повеќе од 3.500 повредени. Протестите се планираат да продолжат до средината на мај.

Денот на Земјата се обележува во Палестина од 1976 година и на некој начин го симболизира отпорот на Палестинците за да ја вратат својата земја, посочувајќи ја одговорноста на меѓународната заедница за заштита на правата на палестинскиот народ, воспоставувањето на независна палестинска држава и враќањето на палестинските бегалци во татковината.

Извор: Faktor/Foto:AA

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here