Владата на Иран денеска објави дека американскиот долар го заменила со еврото во сите надворешно-трговски трансакции.
Како што е наведено, одлуката била донесена на состанокот во кабинетот на претседателот Хасан Рохани.
Рохани им наредил на сите државни институции да го користат еврото наместо доларот во сите финансиски и статистички извештаи. Исто така, на Централната банка на Иран му било наредено редовно да го објавува курсот на еврото.
Одлуката доаѓа по падот на вредноста на локалната валута во недела.
Извор:cdm









