Сириската армија прогласи победа во источна Гута откако опозициските борци беа евакуирани од поголемиот дел на областа, со исклучок на градот Дума, каде што преговорите се во тек. Владата им дала ултиматум на бунтовниците од Думата да се согласат со заминувањето до крајот на денот.

Сириските државни медиуми објавија дека 38 автобуси ги напуштиле селата Замалка, Ајн Тарма, Арбин и Џобар и дека најмалку 1.700 бунтовници и цивили биле префрлени во провинцијата Идлиб.

Владините сили окупираа најголем дел од Источна Гута, отворајќи голема мрежа на патишта што го поврзуваа Дамаск со остатокот од земјата, кои беа затворени од 2012 година, кога бунтовниците ја презедоа контролата врз регионот.

Извор:(Vijesti/ SRNA)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here