Изгледа дека на Британците никогаш не им е доста од сензационализам, конспирација и афери, како оние класичните,шпионски, така и оние политичките и воени, а на сите им е воглавном заеднички тоа – во негативно светло, да се прикажат цели влади, држави или владини претставници ,кои ете измислуваат и спроведуваат опасни потези кои можат да го загрозат целиот свет. Потоа, на редовна на сцената, се појавува британскиот “Џејмс Бонд”, кој ги враќа работите во космички ред.
Така, британскиот медиум „Exspress“ пред два дена објавија вест за тоа дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повикал на формирање “исламска војска” за заедничка борба против Израел.
Турција подготвува 100 воени авиони и 500 јуришни хеликоптери за продор во Израел. Гореспоменатиот британски медиум ги пренесе зборовите на експерти кои зборуваат дека турската влада размислува за почеток на масовен воен напад врз израелската територија, што предизвика големо одек во европската јавност.
Турската влада може да покрене Третата светска војна, бидејќи станува збор за голема воздушна операција на израелската територија. „Exspress“ тврди дека во операцијата морале да учествуваат најмалку 100 борбени авиони и околу 500 хеликоптери. Според информациите доставени до експертите, во стварност, турскиот претседател Ердоган предлага формирање на “Исламска армија”, во која ќе бидат вклучени 57 држави-членки на Организацијата за исламска соработка (Organisation of Islamic Cooperation), и започнување на катастрофален напад врз Израел. Во реалноста, ова значи дека плановите на турскиот лидер подразбираат најголема операција на напаѓање во историјата на човештвото.
Независни аналитичари во натписот на овој британски медиуми гледаат голема пропаганда, а згора на тоа, на западните земји, исто така, не им се допаѓа вклучувањето на Турција во воена операција во Сирија, каде што, поради улогата на Русија, која соработува со сирискиот претседател Башар Асад, целосно игнорирајќи ги САД и Европската Унија.
Се чини дека британските медиуми “забораваат” да забележат дека Турција многу добро знае дека Израел има атомска бомба (според проценките на некои добро упатени аналитичари, нивниот број е 80), иако Израел формално не спаѓа во редот на нуклеарни држави.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=Do9c82XL1F4[/embedyt]
Извор:geopolitika










