Франс Тимерманс, заменик-претседател на Европската комисија, порачал дека муслиманската заедница, заедно со сите други заедници, ќе игра важна улога во иднината на Европа, објави Анадолија.
Во пресрет на средбата со претставници на разни религии што ќе се одржи во среда во Брисел, Тимерманс во изјавата соопштил дека на собирот ќе се зборува за односите на Европската унија со верските заедници во Европа, вклучувајќи ја и муслиманската заедница. Тој додаде дека Европската комисија секогаш ќе ги поддржува муслиманите со цел да ја практикува својата религија и да живее според нивните обичаи.
– Муслиманската заедница ќе игра важна улога во иднината на Европа со сета своја разноликост – рекол Тимерманс.
На состанокот ќе присуствуваат верски претставници од Белгија, Бугарија, Германија, Франција, Италија и Холандија.
Фактор:faktor








