Москва ќе протера најмалку 60 американски дипломати од Русија како одговор на одлуката на Вашингтон за протерување на руските дипломати, објави агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на член на горниот дом на рускиот парламент Владимир Џабаров.Џабаров е заменик-претседател на Комитетот за надворешни работи во горниот дом.
Вашингтон претходно донесе одлука за протерување на 60 руски дипломати и затворање на рускиот конзулат во Сиетл, објави официјален претставник во американската администрација.
Руските дипломати мора да ги напуштат САД во следните седум дена.
Извор:(Vijesti)








