Австрискиот канцелар Себастијан Курц го осудил кршењето на човековите права во Турција и повика на прекин на разговорите со Анкара за пристапувањето во ЕУ, објавија германските медиуми.Во интервјуто за магазинот Велт-“Welt” тој изјавил дека разговорите со Анкара треба да бидат суспендирани бидејќи властите систематски ги кршат човековите права и најважните демократски вредности, како и фактот дека критериумите од Копенхаген повеќе не се применуваат, кој содржи правила со кои одредува дали некоја земја е подготвена да пристапи во ЕУ.

Курц додал дека Турција останува важен партнер на ЕУ и дека односите меѓу Анкара и Брисел треба да се одржат врз основа на добрососедска политика, пренесе Спутник.

Во 1997 година, Турција беше прогласена за земја што може да пристапи во ЕУ, а разговорите за пристапот на Брисел и Анкара започнаа во 2005 година.

Односите меѓу Брисел и Анкара се влошија по неуспешниот воен удар во Турција во јули 2016 година. Анкара ја обвини Европа дека им дава азил на оние кои го организираа воениот удар, додека Брисел остро го критикуваше затворањето новинари и активисти за човекови права во Турција и ги прекина подготовките за ново поглавје во преговорите за пристапот на Турција во ЕУ.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер минатата година изјави дека Анкара презема чекори со кои Турција ќе се оддалечи од ЕУ и дека има луѓе во Турција кои би сакале да ја обвинат ЕУ за неуспешните преговори за пристап.

Извор:(Vijesti / SRNA)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here