Боинг на авиокомпанијата “Ер Индија” слета во Тел Авив откако летал од Њу Делхи преку саудискиот воздушен простор.

Авионот на Индиската авиокомпанија слетал во Тел Авив во четвртокот вечерта,откако од Њу Делхи на пат за Израел за прв пат прелетал преку воздушниот простор на Саудиска Арабија.

“Тоа е историски момент. Ова е прв пат да постои официјална врска меѓу државата Израел и Саудиска Арабија “, изјавил израелскиот министер за транспорт, Израел Кац, на Меѓународниот аеродром Бен Гурион во близина на Тел Авив, откако слетал авионот.

Израел нема дипломатски односи со Саудиска Арабија, а летот над таа земја во голема мера го намалува времето за летање помеѓу таа земја и Индија.

Се очекува дека од сега, летовите од Њу Делхи до Тел Авив ќе летаат трипати неделно, објавија израелските медиуми.

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека новата рута ја смета за доста важна.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговараше со својот колега, индискиот премиер Наруто Моди, кога се состанале во јули во Израел, а потоа во јануари во Индија, потсетува агенцијата Бета.

Министерството за надворешни работи, исто така, пренесе дека цената на билетите ќе биде помала и дека ќе се рационализираат инвестициите и туризмот од Индија до Израел.

Израелската авиокомпанија “Ел Ал“ лета четири пати неделно во Мумбаи, а летот трае седум часа, со авиони кои се упатуваат кон југ во Етиопија, а потоа источно до Индија за да го избегнат воздушниот простор во Саудиска Арабија.

“Заеднички грижи по повод Иран”

“Ел Ал“ побара од Обединетите нации овој лет да се пренасочи и ова компанија исто така да лета низ саудискиот воздушен простор, бидејќи Израел смета дека вчерашниот прелет на индискиот авион е знак за подобрување на односите со Кралството.

Со тоа прекината е децениската саудиската забрана за користење на нејзиниот воздушен простор за комерцијални летови до и од Израел.

Летот беше одобрен во време кога Нетанјаху ги опишува односите со арапскиот свет подобри од кога и да било, поради заедничката загриженост заради Иран, пренсува француски Прес.

Израел нема никакви односи со другите арапски земји, а мировните договори се склучени само со Египет и Јордан.

Извор: агенции

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here