Десетици илјади антивладини демонстранти излегоа денес на улиците на градовите во Словачка, барајќи предвремени избори за решавање на политичката криза што избувна по убиството на истражувачкиот новинар Јан Кучијак.

Демонстрантите излегоа на улиците по трет пат денес, иако вчера премиерот Роберт Фицо поднесе оставка. Демонстрантите го обвинуваат Фицо и неговата коалиција за широко распространета корупција.
Минатата недела демонстрантите побараа темелна истрага за убиството на Јан Кучијак и неговата свршеница Мартина Кушнирова во најголемите антивладини протести од Баршунастата револуција од 1989 година.










