Иран, по постигнувањето нуклеарениот договор и отворање на можностите за повторно извезување на нафта и гас, соопшти дека нема да го прифаќа американскиот долар и енергентите ќе ги продава за евра или за националните валути, како дел од билатералните договори со другите земји.
Денес Техеран објави дека оваа недела ќе ги откаже сите увозни нарачки деноминирани во американска валута. Според локалните медиуми, оваа политика е одговор на официјалното барање на Централната банка на Иран.
Директорот на Девизните прописи и политики на Централната банка на Исламската република, Мехди Касраепур, изјавил дека нејзината мерка стапила на сила во средата и релевантни писма се упатени доМинистерството за индустрија, рударство и трговија.
Мехди Касраепур појаснил дека забраната нема да создаде големи проблеми за трговците бидејќи уделот на доларот во работењето со Иран ионака не бил висок.
“Заради санкциите иранскиот банкарски сектор долго не се користел со доларот. Заради трговското ембарго на американските банки, забрането им е да тргуваат со Иран“, објаснил Касраепур.
“Додека употребата на доларот за Иран беше забранета, оператерите користеле алтернативни валути во нивните транскации и сега нема причина за спроведување на трансакции на деномираните во долари“, додал Касраепур.
Според одлуката иранските трговци ќе мораат да ги известат своите добавувачи во увозните документи да го заменат доларот во друга валута, бидејќи во спротивно нема да може да се обработува на местата на влегување во Иран.
Извор:logicno